Тинејџерката со потекло од Конго продолжува со сензациите на мастерсот во Канада!

Канадската тенисерка со потекло од ДР Конго, Викторија Мбоко (18), продолжува со импресивните настапи на мастерсот во Монтреал, откако обезбеди пласман во полуфиналето по убедлива победа над Џесика Бузас Манеиро со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Таа во главната ждрепка влезе специјална покана од организаторите, со оглед што е дури 84-та на светот, во четвртфиналето ја искористи поддршката од домашната публика и со брејк во клучниот осми гем го доби првиот сет. Во вториот сет, пак, уште порано го наметна својот ритам и со три нови брејка не ѝ остави простор за отпор на Манеиро.

Мбоко со оваа победа потврди дека триумфот над светската број 2, Коко Гоф, во претходното коло не беше случајност. Во полуфиналето ќе ѝ се приклучи и Елена Рибакина, која без борба го мина својот четвртфинален предизвик. Нејзината противничка, Украинката Марта Костјук, го предаде мечот поради повреда, откако веќе губеше со 6-1, 2-1.

ФОТО: X / @mbokodaily