РФМ го одреди датумот „Д“ кога ќе треба да се избере наследникот на Мукаетов!
Мукаетов, кој ја водеше Федерацијата од 2013 година, уште претходно објави дека по истекот на неговиот трет мандат нема да се кандидира повторно.
„Уште еднаш сакам да потенцирам дека јас нема да бидам кандидат за претседател на ова собрание,“ потврди тој.
Во неговиот мандат, машката репрезентација редовно настапуваше на најголемите натпреварувања, женската репрезентација се врати на меѓународната сцена, а младинските селекции постигнаа значајни резултати на европски и светски првенства. Со официјалното утврдување на датумот, започнува период на интензивна подготовка за изборот на нов претседател. Засега нема изразит фаворит за функцијата, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу изборите на 1 март.