Чеферин му го честиташе изборот на Омерагиќ за нов претседател на ФФМ
Чеферин испрати писмо со честитки за изборот на Омерагиќ за прв човек на ФФБ во година кога се одбележуваат три децении од членството на ФФМ во УЕФА.
„Драг претседател,
Ве молам прифатете ги моите искрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот.
Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат.
Ви посакувам се најдобро во новиот, возбудлив претседателски мандат што претстои - а вие и вашите најблиски да уживате во прекрасна празнична атомсфера и среќна Нова година“, се вели во писмото на Чеферин.