ПСЖ остана без Јамал, па реши да купи друг Шпанец

Францускиот гигант ПСЖ долго време се обидуваше да го купи Ламин Јамал, меѓутоа не успеа да ја убеди Барселона, па поради тоа се насочи кон друга опција од Шпанија.

ПСЖ планира наскоро да испрати понуда до Атлетик Билба, односно да ја активира откупната клаузула на Нико Вилијамс од 58 милиони евра.

Вилијамс досега за Атлетик Билбао одигра 168 натпревари, а притоа постигна 31 гол и 43 асистенции.

За услугите на талентираниот шпански репрезентативец се заинтересирани и Барселона и Манчестер јунајтед.