Валенсија го избрка Бараха: Димитриевски ќе добие нов тренер
Бараха не успеа да го извлече клубот од зоната за испаѓање, по што раководството на Валенсија реши да побара ново решение на кормилото.
„Клубот сака да му се заблагодари на Бараха за неговата страст со која го предводеше тимот, меѓутоа резултатите оваа сезона нè натераа да донесеме тешка одлука“, соопштија од Валенсија.
Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговите другари се наоѓаат на претпоследното место во Ла Лига со 12 бодови.