Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз откри за кого навива во Ла Лига

Шпанските медиуми пишуваат дека новиот претседател на шпанскиот фудбалски сојуз, Рафаел Лузан предизвикал скандал со тоа што признал дека навива за Реал Мадрид.

Лузан минатата недела беше избран за нов претседател, а една од обврските кои ги имаше е патувањето во Доха за да го гледа мечот меѓу Реал Мадрид и Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп.

„Ќе се обидам да имам средба со Флорентино Перез во Доха и да му се ставам на располагање. Го познавам долги години и му се восхитувам на неговата способност за работа и тоа до каде го донесе клубот. Ние како навивачи на Реал сме задоволни што управува со тимот. Реал е најдобар амбасадор на Шпанија во светот“, кажал Лузан.