Елмас зимава дефинитивно го напушта Лајпциг – енигма е само на кој начин (ФОТО)
Опцијата за давање на заем танува отворена, но раководството на клубот би прифатило и продажба доколку пристигне привлечна понуда. Според претходни шпекулации, Елмас би можел да се врати во својот поранешен клуб Фенербахче, каде што се наведуваше дека трансферот би изнесувал меѓу 15 и 17 милиони евра. Оваа сума е за девет милиони евра помала од цената што Лајпциг ја плати на Наполи за неговиот трансфер.
Елмас во првиот дел од сезоната доби ограничена минутажа во редовите на „биковите“, што дополнително ја зацврсти одлуката за неговото заминување. Се очекува во јануари не само да го напушти клубот, туку и да ја напушти Германија.