Рано е за пензија: Фјури ќе се бори за титула во В. Британија

Британскиот боксер Тајсон Фјури го загуби и реваншот од Украинецот Олександр Усик, но не планира да се пензионира, иако имаше такви шпекуалции во медиумите.

Фјури веднаш ги демантира приказните, по што се појави приказна дека наскоро ќе се бори против Ентони Џошуа за титулата - најдобар боксер во тешка категорија во В. Британија.

„Тоа ќе биде дуел на најдобрите во британскиот бокс. Еден меч ќе има на ‘Вембли’, а еден во Ријад“, кажа менаџерот на Џошуа.