Барселона оди на суд поради Олмо - ако не го регистрира, ќе мора да го продаде!
Барселона ги крши правилата на финансискиот фер-плеј, поради што постои можност шпанскиот репрезентативец од 1 јануари да не биде регистриран.
Поради овој проблем на суд се води битка меѓу Барселона и судиите од Ла Лига, а според шпански „АС“ конечната одлука ќе биде донесена на 27 декември.
Барселона е оптимист и верува дека одлуката ќе биде во нејзина корист, како што беше случај со Гави, кога судот му овозможи право на фудбалерот да игра, а клубот сега го користи истиот аргумент за Олмо.