
РФМ ги исплати милионските премии и за сениорите и за младинците!
Сениорскиот национален тим доби два милиона денари за пласманот на ЕП 2024, кое ќе се одржи во Германија, во јануари. Македонија обезбеди настап како второпласирана во квалификациската група, зад Португалија, а пред Турција и пред Луксембург.
Репрезентацијата до 19 години исто така беше наградена, со најавената премија од еден милион денари. Ги заслужија со освоеното деветто место на Светското првенство во Хрватска, кое се одржа ова лето, со извонреден биланс од пет победи и два пораза. Тоа ќе биде мотив повеќе за нашите надежи, кои и идното лето ќе излезат на мегдан со своите врсници на ЕП за ракометари до 20 години.