Ракометна еуфорија во Холандија - 10.000 билети продадени за десет часа!

Женската репрезентација на Холандија е на врвот на ракометниот свет. После неколку порази во финалињата, Холанѓанките конечно се искачија на највисокото место на подиумиот во Кумамото, Јапонија, откако минатиот декември го добија клучниот меч против Шпанија за прв трофеј на големите натпреварувања.

Земјата која важеше за неракометна нација и без никаква традиција, оствари неверојатен напредок во последната деценија во женската категорија.

Овој голем успех на Холанѓанките придонесе голем интерес кај фановите за мартовскиот квалификациски натпревар против Шпнанија кој ќе се одигра во Ротердам, за пласман на ЕП 2020 година.

Во првите десет часа беа распродадени 10.000 билети. Сите сакаат да присуствуваат на тој натпревар кој воедно ќе биде реприза на финалето од Кумамото, пишуваат холандските медиуми.