Ракометарите веднаш се фатија за работа во Загреб (ФОТО)
Избраниците на Раул Гонзалез тренираа во малата сала, а утре ќе го имаат последниот официјален тренинг во загрепска Арена, каде в сабота од 19.30 часот ќе го играат првиот дуел против Словенците.
Максимално расположени, полни со желба ракометарите ги одбројуваат последните 48 часа до почетокот на ЕП на кој желба е да се стигне до висок пласман на ова континентално натпреварување.