Шпанците објавија статистика: Реал Мадрид има најголема корист од ВАР!

Реал Мадрид по натпреварот со Еспањол изминатиот викенд жестоко реагираше и се жалеше на арбитражата, а по реакциите на „кралевите“ шпанските новинари објавија статистички пенали околу пеналите сезонава и од воведувањето на ВАР.

Имено, по 22 кола во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид е единствената екипа против која не бил досуден ниту еден пенал, додека во нивна корист биле досудени десет.
За Барселона се досудиле четири пенали и три против каталонскиот гигатн, додека за „јорганџиите“ два пенали за и против.

Кога во прашање се податоците од воведување на ВАР во сезоната 2018/2019, Реал Мадрид е далеку пред сите. Имено, во корист на „кралевите“ се досудиле дури 61 пенал, a против нив во истиот период 31. За Барселона биле досудени 43 пенали и 25 против, а Атлетико 33 пенали и три против.

Реал Мадрид е во предност и по признавањето на голови по реакција од ВАР собата. ВАР на „кралевите“ им признал 25 голови, додека против гигантот од Мадрид биле признати само седум. Кај Барселона во овој дел ВАР признал 12 голови и девет против нив.