Премиер лигата го одби барањето на Гвардиола, „граѓаните“ ги чекаат десет нови натпревари
Англиските клубови традиционално се најоптеретени бидејќи немаа еден домашен куп. Поради тоа менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола бараше да ги одложи нивните први натпревари од наредната сезона, со цел фудбалерите да имаат повеќе време за одмор.
Сепак, Премиер лигата го одби ваквото барање на шпанскиот стратег.
„Го разгледавме барањето. ФИФА нас ни наметна ново натпреварување, но едноставно не можеме да ги поместиме натпревари бидејќи календарот е максимално „стиснат“ колку што може. Не можеме да дозволивме ново одложување“, изјави Тони Сколс, спортскиот директор на Премиер лигата.
Според договорот фудбалерите би требало да имаат барем три недели одмор, а новата сезона во Англија започнува на 16 август што ќе значи дека клубовите припремите ќе мораат да ги одработат во две недели.
Сколс се пожали и на УЕФА поради дополнителните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
„Манчестер сити ќе игра два дополнителни натпревари во групата, две во плеј-офот и шест или седум на Светското клупско првенство. Тоа потенцијално се десет нови натпревари во календарот кој и онака е премногу густ. Се отиде предалеку“, изјави Сколс.