Дуран секој ден ќе лета по 500 километри на тренинг, само за да живее со својата девојка!
Причината за ваквата одлука е лична – Дуран сака да биде со својата девојка, а исламските закони во Саудиска Арабија бараат паровите да бидат легално венчани за да можат да живеат заедно.
Со оваа одлука, Дуран ќе се соочи со голем логистички предизвик, бидејќи секој ден ќе мора да патува од Бахреин до Ријад, што подразбира авионски лет од час и половина пред да пристигне на тренинг. Останува да се види како ова ќе влијае врз неговата физичка подготвеност и интеграцијата во тимот на Ал-Наср, каде што пристигна како едно од поголемите засилувања.