![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/05/247847-vardar-pobedi-na-posledniot-natprevar-vo-antalija.jpg?itok=kacfEXW8)
Вардар победи на последниот натпревар во Анталија
Првиот гол за Вардар беше дело на Немања Босанчиќ пред крајот на првото полувреме, а по десетина минути во вториот дел во листата на стрелци се запиша засилувањето од Брера, Мато. Третиот погодок за Вардар беше дело на уште еден нов играч, Михаил Талевски.
Подготовките во Анталија, Вардар ги завршува со една победа три нерешени натпревари и два порази. За три дена Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната кој го стартуваат на 16-ти февруари.