Познати се датумите и распоредот на Македонија на Светското првенство
Во групата „Х“ во Магдебург, Македонија ќе игра против Бахреин, Јапонија и Исланд.
Првиот натпревар за нас е закажан на 15 јануари кога ќе ги одмериме силите со Јапонија, додека два дена подоцна ќе се соочиме со Бахреин.
Првата фаза ја затвораме против Исланд на 19 јануари. Пласман во следната рунда ќе обезбедат првите три селекции од групата.