Потенцијалните ривали на Македонија си поделија по еден бод!

Потенцијалните ривали на Македонија во следната фаза од Светското првенство во Египет, Белорусија и Русија одиграа ептен возбудлив натпревар во групата Х, а на крајот резултатот беше 32-32.

Русија на стартот на натпреварот имаше предност од еден гол (3-2), по што Белорусите направија пресврт (4-3). Речиси цело полувреме се играше гол за гол, па Белорусија до самиот финиш на првиот дел имаше водство од два гола, но на паузата репрезентациите заминаа со 15-15.

Големата борба продолжи и во второто полувреме. Најпрво Белорусија имаше водство од два гола (21-19), по што следеше пресврт и предност за Русија (26-24). До самиот крај на мечот беше возбудливо и екипите си поделија по еден бод (32-32).

Дури тројца ракометари на Русија завршијс со по шест голови, а тоа се Киселев, Косоротов и Сорока, додека кај Белорусија најефикасен беше Вилупау со десет погодоци.

Белорусија и Русија се во група уште со Словенија и Јужна Кореја, а доколку македонските ракометари ја минат првата група, во следната фаза ќе вкрстиме токму со три од овие четири селекции.