Порака до ракометарите: Не шутирајте во главата на „лудиот Исланѓанец“ (ВИДЕО)

Постојат ракометари, кои најдобрите настапи ги имаат во репрезентацијата, иако на клупско ниво немаат посебно влијание. Еден од тие е голманот на Исланд, Бјоргвин Пал Густавсон.

Овој 33-годишен голман на дански Скјерн доби три удари во глава во победата на својот тим против Бахреин и остана на нозе, танцуваше, а потоа беше избран за најдобар на натпреварот.

Македонија денеска од 18 часот има само една опција, а тоа е победа против Исланд, доколку сака пласман во следната фаза на Светското првенство во Германија и Данска.