Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжи подготовките за Европското првенство во Данска, а избраниците на Кире Лазаров секако работат и на физичката сила која е и тоа како потребна во денешниот ракомет.

Избраниците на Лазаров по деновите поминати во Пореч, сега ги продолжија подоготовките во Скопје, но веќе на шести јануари во Швајцарија ги очекува настап на подоготвителниот турнир во кој ќе се соочиме со Бахреин и Украина.

Европското првенство го започнуваме на 16 јануари со дуелот против Данска, а во нашата група се уште Португалија и Романија против кои ќе играме на 18-ти и 20-ти јануари.