По „тепањето“ со Украинците, Столе е под посебен режим

Победата на Македонија над Украина беше мачна и напорна, не само поради тоа што беше изборена во последната секунда, туку поради непрестаната борба и физички дуели.Во најголемото жариште беше нашиот прв пивот, Стојанче Стоилов.

Од Виена, Владко Арсов

Фото: Петр Стојановски

Украинците имаат пет ракометари со два или повеќе метри и уште девет со 190 сантиметри или повеќе, така што дефанзивната линија беше гранитна. Стоилов беше 56 минути на паркетот и се исрцпи доста физички, а ни потврди и неговиот колега, Жарко Пешевски дека денеска е многу важна неговата рекуперација.

„Столе беше малку пооптоварен и попотрошен со Украинците, затоа сега е под посебен третман. Јас сум максимално подготвен за утрешниот натпревар. Точно, Украинците се многу корпуленти, високи играчи. Тоа е единствениот нивен адут за да постигнат некој добар резултат.“, прокоментира Пешевски, кој беше стрелец на еден гол. Стоилов, од друга страна имаше скор четири од четири.