
Младинците ја растурија Јапонија во последната контрола пред СП во Полска!
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ доминираа од самиот почеток и не дозволија противникот да ја загрози нивната предност. Тимот демонстрираше високо ниво на дисциплина, тактичка зрелост и добра тимска игра.
Натпреварот беше тест пред настапот на Мундијалот кој почнува задутре (18 јуни) во Катовице (Полска). Македонија ќе се натпреварува во групата со Фарските Острови, Романија и Исланд.