Манасков: Играв во грч, но во вториот дел се сконцентрирав и – победивме!
Манасков посочи дека проблематично било отворањето на мечот, најмногу и поради лошата традиција на црвено-жолтите со Словенците.
„Првите мечеви секогаш се тешки, под голем притисок, кои се играат во грч. Знаеме каква традиција имаме со Словенија, дека се мачиме постојано и ете јас бев во тој грч во првиот дел од мечот. Не бев сконцентриран, но се консолидирав во вториот дел и ете да помогнам да оствариме голема победа вечерва“, рече Манасков.