Македонија ги избра противничките на СП за девојки до 20 години!

Младинските ракометарки на Македонија на денешната ждрепка ги избраа противничките за Светското првенство (СП) за девојки до 20 години кое ќе се одржи во Скопје во јуни оваа година.

Пред извлекувањето на репрезентациите од вториот шешир, домашната селекција имаше привилегија да избере група во која ќе настапи и Македонија ја избра токму групата Х.

Групи за СП за ракометарки до 20 години:

Група А:  Романија, Холандија, Бразил, Иран
Група Б: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле 
Група Ц: Унгарија, Кореја, Аргентина, Мексико
Група Д: Данска, Норвешка, Јапонија, Тајван
Група Е: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
Група Ф: Франција, Германија, Шпанија, вајлд-карта
Група Г: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан 
Група Х: Ангола, Македонија, Исланд, САД