Кузмановски: Дишеме како еден - тоа е нашата сила!
Македонија во голем стил го почна Светското првенство иако кај ракометарите постои и мала горчина од пропуштената шанса да се совлада силниот противник.
„Денеска имавме цел ден да ја анализираме Холандија и да погледнеме мали детали од вчерашниот меч со Унгарија, можевме и подобро да го исполниме договореното. Мислам дека одигравме на вистински начин, 60 минути бевме борбени и тактички многу спремни, не брзавме во нападот и добро се враќавме. Не бевме изненадни од ништо, на се бевме спремни. Но тој меч мора брзо да го заборавиме“, вели Филип Кузмановски.
Пред нашите ракометари веќе утре е нов предизвик играме против Холандија со почеток од 18 часот.
„Мислам дека навистина сме мотивирани и верувам во овие момци кои вчера покажаа како треба да се бори за Македонија. Се чувствувавме како да играме дома, имавме многу наша публика, тоа ни беше ветер во грб. Мислам дека сега ќе дојдат и уште повеќе. Ние се бориме како еден, дишеме како еден. Нашата сила е во тоа што сите ракометари играат, во нападот напаѓаме од сите страни. Сакам против Холандија да одиграме како и против Унгарија и да не посака среќата“.