Мартинез емотивен: Сите сме како семејство, плачам кога ќе видам што направивме!

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез кој често пати знае да го привлече вниманието со своите реакции, пред утрешното финале против Шпанија беше емотивен.

На сите три големи натпреварувања кои Аргентина ги освои, Мартинез беше прогласуван за најдобар голман, па нема дилеми дека е еден од најважните членови на оваа генерација на „гаучосите“. 

„Она што го правиме е легендарно. Понекогаш плачам само кога ќе помислам на сè што успеавме да постигнеме“, изјави Мартинез.

Тој нагласи дека најголемата сила на оваа репрезентација е заедништвото:

„Оваа аргентинска екипа е семејство. Сакам да нè паметат како и секој Аргентинец, како луѓе кои се вредни, кои никогаш не се откажуваат и секогаш наоѓаат начин да продолжат напред, без разлика колку тешко станува. Токму тоа го покажуваме на ова Светско првенство.“

Мартинез истакна и што е најважно за играчите:

„Она што навистина значи е колку луѓето се препознаваат во нас, преку начинот на кој се однесуваме на теренот и преку тоа што значи да се биде Аргентинец.“