Шукер жестоко му одговори на Тухел: Молчи и - почитувај ги сите!

Легендата на хрватскиот фудбал, Давор Шукер во интервју за познатиот италијански новинар Танкреди Палмиери, меѓудругото одговори и на една изјава на Томас Тухел кој рече дека мечот за третото место никој не сака да го игра.

Давор Шукер беше дел од легендарната генерација на Хрватска која во 1998 година го освои третото место.

Откако го загуби полуфиналето против Аргентина, Тухел даде изјава во која потенцираше дека никој не сака да го игра мечот за бронзата.

„Никој од нашите играчи и никој од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да играат финале. Сите го играат Светското првенство за да го освојат, но тоа е тоа. Имаме ден помалку за опоравување од Французите и ќе ја одработиме професионално задачата“, рече Тухел.

Давор Шукер ги прокоментира овие зборови на Томас Тухел.

„Мислам дека богатите не сакаат да играат кога ќе загубат. Не грижи се, овој меч може да биде многу важен. По 1998 година и натпреварот против Хоалндија, се боревме за третото место и сега со гордост зборуваме за тоа. Некои имаат толку трофеи и толку се богати што овој меч не им значи ништо. Му препорачувам да молчи и да ги почитува сите 211 членки и да сфатат дека дека светот не им припаѓа само на нив. Светот им припаѓа и на средните, малите и оние кои уживаат во фудбалот. Кој и да го добие мечот за третото место, ве уверувам дека за 20 години, кога ќе биде постар, ќе се сеќава на таа бронза. Затоа во целата таа приказна, Тухел не е важен“.