Најдобриот голман си замина од македонската лига!

Струга ТЛ соопшти дека се разделува со италијанскиот голман, Марко Анџелети кој беше фантастичен во изминатата сезона.

Во соопштението на Струга пишува дека се разделиле со Анџелети со взнаемна согласност.

Минатата сезона тој беше најуспешен голман во Првата македонска фудбалска лига, ја сочува недопрена својата мрежа на 15 натпревари од 29 на колку што настапи.

Тој беше еден од најдобрите во ПМФЛ. Во Струга дојде минатото лето од ФК Европа од Гибралтар, по само една сезона заминува од Македонија.