Шеста пол-позиција за Антонели во кариерата, прв ќе стартува на Спа!

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, го извозе најбрзиот круг на денешните квалификации на патеката Спа од трката за Големата награда на Белгија.

Кими Антонели го извозе кругот за 1:44.361 и ќе стартува од првата позиција на утрешната трка. За него ова беше шеста пол-позиција во кариерата.

Во првиот ред до него ќе биде Макс Ферстапен кој имаше одлични квалификации и утре сигурно ќе сака да го нападне првото место.

Ландо Норис беше трет, Џорџ Расел ќе стартува од четвртото место, во топ десет завршија уште и Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето и Исак Хаџар.

Утрешната трка во Формула 1 почнува од 15 часот.