Червар го доби дербито со Вујовиќ на дебито на клупата на Пелистер

Поранешниот македонски ракометен шампион Пелистер славеше против Катар со 36-24 на пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона.

Избраниците на Лино Червар доминираа на теренот на дебито на новиот тренер на битолчани, па така го добија првото полувреме со 18-12, а во вториот дел дополнително ја зголемија предноста до конечни 36-24.

Пелистер го игра следниот пријателски натпревар против Крка од Словенија.

Фото: РК Пелистер