Силекс освои бод на гостувањето кај Шкендија Арачиново (ФОТО)

Фудбалерите на Силекс и Шкендија Арачиново ремизираа (1-1) на почетокот на второто коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија Арачиново поведе со голот на Берис Демири, кој од пенал во 32. минута го матира гостинскиот голман.

Силекс тргна во напад во вториот дел со надеж дека брзо ќе ја анулира негативата, меѓутоа не ги реализира шансите.

Домаќинот имаше шанси и за втор погодок, но Ливарека не реализираше одлична шанса, па потоа Силекс преку Хасукиќ израмни на 1-1.