Ландо Норис жестоко казнет пред трката во Белгија
Како што објави „Би-Би-Си“, Норис е казнет бидејќи неговиот тим ја вградил четвртата единица на електроника во погонскиот систем, со што е надминат дозволениот број компоненти за оваа сезона.
Новата единица „power electronics“, компјутерски систем кој управува со батеријата, е воведена поради подобрување на сигурноста, а ја разви Мерцедес по неколкуте дефекти што се појавија во текот на сезоната. Претходниот систем на Норис не ги содржеше овие подобрувања.
Во Мекларен процениле дека патеката Спа-Франкоршамп е најдобро место за преземање на казната, бидејќи на неа претекнувањето не е толку тешко. Дополнително, тимот веќе од следните трки планира воведување на големи аеродинамички подобрувања.
Британскиот тим очекува новиот пакет подобрувања, кој постепено ќе биде воведен на трките во Унгарија и Холандија, да му овозможи враќање во борбата со водечките екипи, откако на последните трки заостана зад конкуренцијата која веќе ги унапреди своите болиди.