
Костески: Смиреноста беше клучен фактор, има овој тим иднина!
Стружанецот од тимот на Пелистер не ја криеше еуфоријата од постигнатиот резултат кој не нѐ води во следната фаза, но најавува посветла иднина на македонскиот ракомет.
„Ова е голема победа за Македонија, среќни сме сите бидејќи го завршивме првенството со триумф. И покрај тоа што Швајцарија се врати во игра во второто полувреме, дури и водеше, останавме мирни и се израдувавме на крајот.
Мислам дека нашата смиреност беше клучен фактор. Не дозволивме да загубиме некои топки, игравме максимално професионално во важните моменти. На претходните два натпревара не бевме ние вистинските, мислам дека напредуваме од година во година и верувам дека во иднина ќе имаме уште многу причини за задоволство и радост.