Јапонците толку можеа: Сега ни реми против Исланд не ни брка работа!

Беше убава идеја: Јапонија да го победи Исланд и да ни заврши повеќе од пола работа на патот до топ-12 на Светското првенство во Германија и во Данска. Меѓутоа, идеја и остана. Исланѓаните не дозволија чудо и жилаво го чуваа водството, речиси, цел натпревар.

Битката на островјаните им припадна на Исланѓаните со 25-21, иако владееше неизвесност некаде до пет минути до крајот. Откако губеа со 20-17 во 50. минута, Јапонците направија серија од 4-1 и му се ставија зад петици на Исланд, но во клучните моменти Палмарсон и Сигурмансон го негуваа водството.

Мечот беше изедначен уште во првиот дел, кога Исланд само во еден момент поведе со плус три, но потоа Јапонија се врати, успеа да го укарде водството прв и последен пат и на пауза да замине со минимална негатива, 12-13.

Сигурмансон и Гунарсон беа најефикасни со по пет гола, а кај Јапонците Агире погоди четири пати. Со оваа победа, Исланд се изедначи со Македонија, со по четири бода, но што е поважно, има подобра гол-разлика од нашата репрезентација, така што утре (18ч.), во нашиот меѓусебен дуел и реми ќе му одговара за да го освои третото место и да продолжи во топ-12. Се разбира, ова нема да важи ако вечерва со Шпанија направиме чудо и освоиме бод(овие).