Грчевски избра 22 ракометарки за дуелите против Литванија и Азербејџан

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави конечниот список со ракометарки за натпреварите во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Повратник во екипата е Симона Маџовска, која не играше на двата натпревари против Украина од баражот за Светското првенство (СП) во 2024 година, а собирот на ракометарките е закажан за 8 октомври во 14 часот.

Македонија најпрво ќе се соочи против Азербејџан на 11 октомври во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот, а потоа на 15 октомври гостува кај Литванија од 15 часот.