Грчевски го скрати списокот со ракометарки за Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски денеска го објави скратениот список со ракометарки за дуелите против Азербејџан и Литванија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Грчевски избра 20 ракометарки за следните два дуели, односно направи три промени во однос на пресметката со Шпанија. Селекторот ја повика голманката Ема Кирова, како и Емилијана Ризоска и Сара Стефаноска, додека ги нема Слободанка Кицеска, Сања Дабевска и Ива Божиновска.

Македонија ќе се соочи со Азербејџан во Баку на 3 април од 14 часот, додека пресметката со Литванија е четири дена подоцна во Скопје од 18 часот.