Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски објави список од 35 ракометарки кои ќе конкурираат за составот кој ќе им се спротивстави на Азербејџан и Литванија во последните два дуели од квалификациитеза пласман на ЕП 2024.

На 03. април Македонија му гостува на Азербејџан во Баку, тој меч почнува од 15 часот, а потоа на домашен терен на 7. април ја пречекуваме Литванија од 18 часот.

Тоа се последните два квалификациски натпревари преку кој треба да го завериме настапот на Европското првенство.

Селекторот Грчевски денеска објави пошриок состав на ракометарки кои ќе конкурираат за овие два дуели.