Гичевска се враќа, а Саздовска ја одложи пензијата за баражот со Полска!

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот бараж двомеч против Полска, кој ќе одлучи за пласман на Светското првенство.

Во тимот се враќаат Леонида Гичевска, која не настапи на Европското првенство и Ангела Јанкуловска. Репрезентативниот дрес повторно ќе го облече и Јована Саздовска, иако претходно најави повлекување од националниот тим.

Ракометарките ќе се соберат на 6 април во Скопје, каде ќе одработат мини-подготовки пред првиот натпревар против Полска, закажан за 9 април на гостински терен. Реваншот ќе се игра на 12 април во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.