Иско: Сега треба да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони!

Бетис вчера со 2-1 го победи градскиот ривал, Севиља, а Антони одигра уште една одлична партија.

Откако се пресели во Бетис, Антони ги покажа сите свои квалитети, тој се пронајде во шпанскиот клуб и игра импресивно.

Вчера го одигра целиот натпревар против Севиља, а по овој меч пофални зборови за него дојдоа од Иско.

„Сега ќе ни биде потребно да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони“, рече Иско.

Нејасно е колку пари ќе бара Манчестер јунајтед за негов откуп, дали тие ќе сакаат да го задржат или да го продадат и дали освен Бетис ќе има и други заинтересирани за неговиот потпис.