
Комплименти од Ѓоковиќ за Меншик: Ме боли да признаам, ама во моментов си подобар од мене
Подобар од српскиот ас во финалето беше 19-годишниот Чех, Јакуб Меншик кој го оствари најголемиот успех во својата кариера. Тинејџерот не ја криеше својата воодушевеност од Ѓоковиќ за кого призна дека е негов идол, но и Новак му подели комплименти.
„Не сакам многу да зборувам, ова е момент за Јакуб и јас му честитам. Ме боли да признаам, но во моментов си подобар, остана прибран во тешките моменти и ова е нешто што често ќе го правиш во годините кои доаѓаат. Можеби ќе ми попуштиш следниот пат“, му се обрати Ѓоковиќ на Меншик.
Нивен следен предизвик е Мастерсот во Монте Карло кој почнува на 7 април и со него стартува сезоната на земја.