Еуфорија во македонската фан-зона по триумфот: Ечи победничка песна во Загреб (ВИДЕО)

Големата победа на македонската ракометна репрезентација против Словенија со 25-24 ја израдува целата јавност, а навивачите во Загреб ги турна во екстаза. Еуфорично победата се слави во македонската фан-зона во хрватската престолнина во барот „Роко“, каде ечат македонски песни во чест на ракометните хероои кои денеска изгинаа за големата победа.