Денеска сите во „Борис Трајковски“: Македонија игра против Грција – влезот е слободен!
Денешната пресметка од 17 часот воедно ќе биде единствена можност за македонските спортски фанови во живо да ги видат и поздрават избраниците на селекторот Кирил Лазаров, со оглед што вториот дуел против Грците ќе биде од затворен карактер. Поради тоа, влезот за овој дуел е бесплатен, па се очекува повеќе од солидна посетеност и голема поддршка за жолто-црвените во дуелот против јужниот сосед.
Македонија и Грција веќе одиграа пријателски двомеч и тоа лани во октомври во Солун, каде што првата средба заврши со нерешен резултат (29-29), додека нашите момци славеа во втората пресметка (23-22). Претходно на подготвките за ЕП, македонските ракометари во Стара Пазова одиграа контролен дуел со Црна Гора и тоа во меч со три полувремења, кој на крајот заврши со наша победа со 54-51.
Избраниците на Лазаров втората средба на континенталниот собир ќе ја одиграат против Германија на 12 јануари во Белрин, а третата против Швајцарија два дена подоцна, исто така во германската престолнина.