
Дефинитивно е: Македонија ќе ја пречека Турција во Битола!
Првиот натпревар, против Турција ќе го играме во салата „Младост“ на 25 октомври. Беше долго време најавувано, дека Битола ќе се врати како дом на македонската ракометна репрезенација првпат по 15 години и сега е официјално.
Меѓутоа, дотогаш локалните власти ќе имаат задача да ја коригираат и да ја „нашминкаат“ салата. За посетеноста не треба ни да се зборува, бидејќи во Битола ретко кога имало слободно столче кога игра Македонија. Последниот натпревар на националниот тим беше против Унгарија, во баражот за ЕП 2004 година, кога загубивме со 31-33.
Се очекува тие денови да бидат еден убав ракометен пакет, бидејќи веднаш на 28 октомври, Македонија ќе ѝ гостува на Грција, но само 100 километри јужно од Битола, во Кожани. Во нашата група е уште и Исланд, а целта се првите две места.