
Вајли се враќа во Европа - ќе игра во вториот најтрофеен литвански клуб
Тој е нов играч на вториот најтрофеен литвански клуб Ритас со кого потпиша договор на една сезона. Клубот од Вилнус е седумкратен шампион на својата земја и еден од само двата кои од осамостојувањето на Литванија освојувале шампионски титули, заедно со Жалгирис.
Договорот меѓу Вајли и Ритас доаѓа во момент кога крилниот центар се наоѓа со македонската репрезентација во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Американецот одигра извонредно против Романија, а секако ќе биде главен адут на преостанатите три натпревари од циклусот.
Пред да замине во Порторико, тој настапуваше во шпанското првенство каде просечно постигнуваше по 8,3 поени и 3,7 скока.