Предупредување за Фалангата: Хрватите одредија „солени“ цени на билетите во Вараждин!

Македонската навивачка фаланга од денеска на пладне ќе може да дојде до драгоценото парче хартија за средбите на ракометната репрезентација на СП 2025 во Вараждин, откако хрватскиот организатор реши уште сега да ги пушти влезниците во продажба и тоа по цена што воопшто не е популарна.

Билетите ќе бидат по цена од 50 и 70 евра од ден, односно за двата натпревари, во зависност од местото во салата, а за жолто-црвените фанови е резервиран секторот К. Ова значи дека секој член на Фалангата ќе треба да потроши од 150 до 200 евра само за средбите од првиот круг, како и уште толку за мечевите од втората фаза, кои повторно би ги играле во Вараждин, а каде што е повеќе од реално да се најдеме.

Македонија на СП 2025 е во група со Унгарија, Холандија и со Гвинеја, а пласман во следниот круг ќе обезбедат трите најдобри селекции по трите одиграни кола. Влезниците ќе може да ги купите ТУКА.