Вујо добил понуда од Веспрем, па им вратил: Немам намера да пополнувам дупки!

Миленикот на вардаровата публика и југословенска легенда, Веселин Вујовиќ добил понуда за да го води унгарски Веспрем, откако овој клуб експресно го отпушти Љубомир Врањеш по поразот од македонскиот првак Вардар во Лигата на шампионите во саботата со 25-27.

Унгарсците го исконтактирале Вујовиќ за да го наследи Врањеш, ама југословенската легенда и актуелен тренер на нишки Железничар експресно ја одбил со образложение дека – нема намера да пополнува дупки

„Добив повик од Веспрем, но постои проблем. Тие сакаат веднаш да им се приклучам и да потпишам до крајот на сезоната. Јас тоа не можам да го направам, бидејќи сум човек кој има име и рејтинг, а со Веспрем веќе еднаш имав непријатно искуство. Ни на крај памет не ми доаѓа да прифатам таков договор. Доколку сакаат да разговараме, ќе мораат многу работи да променат. Не сакам да ги пополнувам дупките на некој друг, кој добил многу пари за да изгради нешто“, изјавил Вујо за „Екипа24“.