Валтер по триумфот на Пелистер: Мислевме на себе, а не на Нексе!

Тренерот на Пелистер, Ларс Валтер е среќен што неговите ракометари одиграа добар натпревар против Нексе Нашица и триумфираа со 27-23 во битката за третото место во СЕХА-лигата.

Големата победа против Нексе донесе радост кај тренерот на македонскиот вицепрвак, кој кажа дека е важно што ракометарите го одиграле тоа што се договориле.

„Мислевме на себе, а не на противникот. Важно ни беше да победиме, но и да одиграме добро, а Нексе немаше среќа. Сепак, важно е тоа што се вративме со победа по неуспехот во петокот“, кажа Валтер.