Творецот на големата српска победа над Германија ракометот го научи во – Скопје!
Српскиот ракометар (2003 година) уште како тинејџер направи храбар и невообичаен чекор – на само 14 години, заедно со својот една година постар брат Лазар, се пресели во редовите на македонскиот гигант Металург. Таму ги направи првите сериозни чекори во ракометот и ги научи тајните на овој спорт од многуте големи тренерски и играчки имиња кои тогаш беа дел од тимот од Автокоманда.
Браќата Додиќ најпрвин настапуваа за пионерската селекција, а подоцна напредуваа и во кадетската конкуренција. Патот кон ѕвездите бил далеку од лесен, особено за помладиот Стефан, кој откако неговиот постар брат се преселил во Скопје, секојдневно патувал од Врање до македонската престолнина за да тренира. Веднаш потоа се враќал дома, бидејќи наредниот ден го чекало училиште. Сето тоа се случувало додека бил ученик во осмо одделение – утрата ги минувал на училиште, попладнињата на тренинзи, без простор за одмор и компромиси.
Во најголем дел, татко му бил задолжен за превозот, а кога тоа не било возможно, се организирала дополнителна помош за Стефан навреме да стигне дома или на училиште. Така, младиот ракометар секој ден минувал околу 200 километри, само за да биде дел од тренажниот процес. Металург навреме го препознал неговиот талент и карактер, а преку систематска работа и континуиран развој одиграл значајна улога во неговото спортско созревање.
Херојот во синоќешниот голем српски триумф во Македонија играше уште и за екипите на Аеродром, Охрид, а краток период беше дел и од составот на Вардар. Пред три години потпиша за Кјелце, но потоа беше испратен да игра за Загреб, Цеље и Војводина, каде што и се настапува.