„Ел Команданте“ држи лекции на македонски јазик (ВИДЕО)
На Европското првенство тој одлично ја води српската репрезентација, а комуникацијата со своите ракометари се уште ја има на македонски јазик. Тоа можеше да се види и на тајмаутите на кои исто така го зборува нашиот јазик.
Во српската репрезентација има неколку ракометари кои играле или играат во моментов во Македонија, колку останатите успеваат да го разберат е нејасно, но „орлите“ на овој шампионат играат фантастично и се многу блиску до пласман во главната фаза.