Драматично е во Реал: Винисиус плачеше кога слушна дека цел „Бернабе“ го исвиркува (ВИДЕО)
Сепак, најголем дел од вниманието на фановите беше насочено кој е посочен како главен виновник за лошите резултати, но и за заминувањето на Чаби Алонсо. Како последица на тоа, Бразилецот беше исвиркан при објавувањето на стартните постави, а потоа, во текот на сите 90 минути, при секој негов контакт со топката, имаше громогласни свирежи од трибините.

Додека се читаа почетните постави, фудбалерите беа во поттрибинскиот простор и се подготвуваа да излезат на терен. Винисиус ги слушна свирежите и почна да плаче, па мораа да го тешат кондицискиот тренер Пинтус и соиграчот Килијан Мбапе.
Шокиран од свирежите во текот на сите 90 минути, крилниот играч веднаш по завршувањето на натпреварот замина во соблекувална и не остана со остатокот од тимот да ги поздрави навивачите.